Времето денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 4, а максималната 9 степени.

Слично време не очекува и утре, а благо покачување на температурите ќе се случи во петок, според податоците на УХМР.