Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на ковид-19 може да биде посмртоносен од другите видови.

Како што пренесе Би-би-си, податоците ги анализирале научници од советодавното тело „Советодавна група за закани за нови и респираторни вируси“, кое ја известило владата на земјата.

Сепак, како што се наведува, овие докази се уште се во прелиминарна фаза. Според британските медиуми, некои студии веќе покажале дека новиот вид на коронавирус се шири многу полесно од оригиналната „верзија“.

Покрај побрзото ширење, постојат докази дека новиот сој е поврзан со поголема стапка на смртност – рече Џонсон на прес-конференција.

Вакцините што ги користиме во моментов се ефикасни и против новите варијанти, рече Џонсон, нагласувајќи дека токму новиот вид е причината поради која британското здравство е под силен притисок.

Советникот на британската влада, Патрик Валанс појасни дека нема разлика во смртноста кај пациентите заразени со различните видови на вирус.

Сепак, кога се гледаат податоците за секој што е позитивен, постојат докази дека постои зголемен ризик кај оние кои се заразени со новата варијанта на вирусот, рече Валенс.

Тој додаде дека доказите сè уште не се силни и дека сите податоци сè уште не се целосно потврдени.

Понатаму сме загрижени дека мутираните вируси можат да бидат поотпорни на вакцините – рече тој, додавајќи дека се потребни „повеќе клинички истражувања“ на новите видови.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде