Високото дипломатско претставништво на ЕУ денеска излезе со пораки и препораки за спорот помеѓу Бугарија и Македонија и се обрати и на двете земји.

Шефот на делегацијата на ЕУ во Македонија Дејвид Гир, како и германската амбасадорка во Македонија Анке Холштајн порачаа дека Македонија нема друг избор освен да работи на интензивирање на реформите и приближување до членство во ЕУ.

Иако европската перспектива на Македонија не е се оспорува, според нивните сугестии, потребно е Македонија да работи на решавање на спорот со Бугарија.

На тој начин ЕУ ја упати Македонија на директно соочување со споровите со Бугарија и се огради од можност за посредништво во спорот.