Поради зголемен број на нови инфекции со коронавирусот, пред се со опасниот делта сој, Министерството за здравство предложи нови мерки и забрани кои ќе важат само за теовчани.

Утрово е одржан координативен состанок на министерот за здравство Венко Филипче и претставници на стручната комисија.

Беа донесение следните заклучоци:

➡️Забрана за оджрување на сите масовни настани на затворено, свадби, прослави. Ова е клучно да се почитува во следниот период, а граѓаните мора да разберат дека оваа мерка е нужна
➡️Исполнетост на затворениот дел од угостителските објекти не смее да надминува 30%, а на масите не смеат да седат повеќе од 4 лица
➡️Засилени контроли за спроведување на овие мерки но и мерките за лична заштита и тоа пред се носење маски на затворено
➡️Засилување на теренската вакцинација и комуникацијата на локално ниво со цел зголемување на опфатот, бидејќи е јасно дека само со вакцинација може да спречиме и ширење, и ризици од тешко заболување кај пациентите.

Мноштво негативни јавни реакции вчера предизвикаа фотографиите од плажа на членовите на владата, вклучително и на министерот за здравство Венко Филипче, во моменти кога населението се справува со зголемен број на инфекции со ковид и екстензивни пожари.