Шумските пожари прават непоравливи катастрофи на природата. Зад себе оставаат пустош, а од пожарите се погодени и растенијата, животните и луѓето.

Во просек на човекот му треба период од 20тина година да ја поправи целосно штетата од пожарите, под претпоставка дека активно пошумува површини.

Во пожарите најмногу страдаат директно дрвјата и другите растенија, а животните на кои им е населено место токму шумата се исто така изложени на ризици и масовно изумирање.

Човекот може да не ги почувствува директно последиците од пожарот, но губењето на шумска површина значи губење на „бели дробови“ на средината.

Што значи дека воздухот е позагаден, а респираторните заболувања ќе станат се почести.

Во моментот, освен најубавите предели од Источна Македонија и Малешевијата, погоден е целиот Балкан.

Активни пожари има во Турција, Грција, Албанија и Бугарија.

Вчерашниот пожар во Делчево опожари шума во дијаметар од цело Скопје, што претставува огромна загуба за македонската природа.