Терапијата за Ковид, во која учествува и Ламата Фифи, покажа дека има „значителен потенцијал“ во раната фаза на тестирање.

Тоа е третман направен од нано-тела-мали, поедноставни верзии на антитела, кои ламите и камилите природно ги произведуваат како одговор на инфекцијата.

Откако терапијата е тестирана на луѓе, велат научниците, може да се даде како едноставен спреј за нос-за лекување, па дури и за спречување на рана инфекција.

Професорот Џејмс Нејсмит ги опиша нанотелите како „фантастично возбудливи“.

Професорот Нејсмит, еден од водечките истражувачи и директор на Институтот Розалинд Френклин во Оксфордшир, објасни дека глодарите заразени со корона, третирани со нов спреј за нос, целосно се опоравуваат во рок од шест дена.

Третманот досега беше тестиран само на овие лабораториски животни.

Министерството за здравство објави дека оваа терапија е меѓу „најефикасните средства за неутрализирање на вирусот корона“.