Институтот за јавно здравје на Велика Британија објави дека е откриен нов вид на вирус корона со проучување на геномот на вирусот. Врз основа на податоците достапни на тамошните експерти засега, се смета дека вирусот се шири побрзо, а поради стравот дека ќе биде пренесен во други земји, се повеќе земји ги откажуваат летовите кон Велика Британија.

Белгија, како седиште на ЕУ, ги прекина сите летови од Велика Британија, како и директната железничка линија со Лондон. Исто така, Италија и Холандија го сторија истото, а истата мерка ја воведоа Хрватска и Чешка.

Мерките ги објавија и Шведска, како и Франција и Германија

Новиот вид корона е регистриран во Данска, Холандија, Австралија и пред неколку часа во Италија. Патем, вчера беше објавено дека е регистриран нов вид на вирус корона во Јужна Африка.

Според она што во моментов го знаеме, дури и по разговорите спроведени од експерти од ЕУ, новиот вид (вирус на корона) нема никакво влијание врз вакцините што остануваат ефикасни, рече германскиот министер за здравство Јенс Спан, чија земја е претседател на ЕУ до крајот на годината.