Израел во вторникот потврди речиси 11.000 новoзаразени, нов рекорд од појавата на пандемијата на коронавирус и покрај водечката кампања за вакцинација во светот.

Во изминатите 24 часа, потврдени се 10.947 нови случаи, објави Министерството за здравство.

Најновата бројка го надмина претходниот рекорд од средината на јануари кога имаше околу 10.100 заразени за едно деноноќие.

Повеќе од милион заразени досега се потврдени во Израел, земја со 9,4 милиони луѓе, а повеќе од 7.000 луѓе починале досега од последиците од ковид-19, според најновите податоци.

Научниците продолжуваат да нагласуваат дека вакцините против коронавирус се ефикасни во спречување на сериозно заболување и смрт.

Кампањата за вакцинација во Израел се потпира на вакцината Фајзер/БионТек.

Речиси 59 проценти од луѓето примиле две дози од оваа вакцина.