Ковид-сертификатот по прележана болест да трае 180 дена, наместо 45, како што беше случајот досега, предлага Комисијата за заштита од заразни болести (КЗБ).

Станува збор за потврда што служи за продолжување на рокот за неограничено движење на пациентите во земајва и во странство, без разлика дали се вакцинирани.

Од Комисијата посочија дека засега не размислуваат за укинување на ковид-сертификатите.