Во текот на новата седмица која што ни следува времето во Македонија ќе биде претежно стабилно, суво и сончево со мала локална облачност.
Температурите ќе бидат повисоки за разлика од оние кои ги имавме вчера, и истите во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен, најавува Славчо Попоски.
Според најновите анализи на Попоски, веднаш после 15 јули нашата територија ќе биде зафатена од нов бран на многу топла воздушна маса од Африка и од многу високи температури на воздухот.
Температурите веднаш по 15 јули на многу места ќе надминуваат 30 степени, а во најтоплите предели истите ќе се искачуваат и до 40 степени. Ув – индекост повторно ќе има екстремно висока вредност.