Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата.

Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во период на мир. Сега е време да се вратиме на нормалниот живот, рече премиерката Ерна Солберг.

Мерките ќе бидат укинати во 16 часот, додаде таа.

Напуштањето на мерките за физичко растојание ќе им овозможи на спортските и културните институции да се вратат во полн капацитет, а рестораните и ноќните клубови ќе работат како претходно.

Накратко, можеме да живееме како порано, порача Солберг.

Најмалку една доза од вакцината против Ковид-19 примиле 76 проценти од сите Норвежани, а 67 проценти се целосно вакцинирани, според податоците на Норвешкиот институт за јавно здравје.

Исто така, сакам да кажам: многу Ви благодарам, Норвешка, заклучи премиерката.

Во регионот, Данска ги укина сите рестриктивни мерки на 10 септември и оттогаш бројот на заразени во таа земја постојано опаѓа – на денот на укинувањето пред две недели, имаше 557, а во четвртокот 341 случај.

Данска, исто така, има високо ниво на вакцинација на населението. Вакцинирани се 86 проценти од оние над 12 години односно 95 проценти од оние над 50 години.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Одлична вест: Луѓето кои имаат рак добро реагираат на вакцина против ковид
Следната статијаКако да заштедите пари и да ги покриете сите трошоци до крајот на месецот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде