Дали сте знаеле дека лушпите од компири се одлични за отстранување на дамките од ‘рѓа?

Така е, последното нешто што треба да го направите со лушпите од компир, ако нема да ги јадете, е да направите паста за чистење што уништува ‘рѓа.

Компирот содржи оксална киселина, која ги претвора нерастворливите соединенија на железо во растворливи сложени јони.

Тоа е научно објаснување за тоа како лушпата од компир е доста ефикасна во отстранување на ‘рѓа, пишува 24sedam.

Така, можете да користите лушпи од компир за да направите раствор богат со оксална киселина за чистење на ‘рѓосани проблематични области.

За да го направите ова, натопете ја кората во вода. Користете доволно вода за да ја покриете кората; ова ќе овозможи оксалната киселина да биде што е можно поконцентрирана.

Оставете ги корите да впијат некое време, на пример, додека вашето вкусно јадење од компир не се испече во рерна.

Потоа отстранете ги лушпите од водата. Измешајте малку вода од компир со сода бикарбона за да добиете паста.