И во следните два дена ќе се задржи стабилно и претежно тивко време со магла по котлините. Во петок ќе биде променливо облачно со умерен северен ветер, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд.

На повисоките планини ќе има услови за повремен снег.

Прогноза за 10.11.2022

Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 14°C до 20°C

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност.

Прогноза за 11.11.2022

Минимална температура: 0°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 19°C

Променливо облачно, а попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 12.11.2022

Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 10°C до 17°C

Променливо облачно со сончеви периоди.