Во последно време, јавното мислење е целосно поделено на две конфликтни страни – ваксери или антиваксери.
Имено ваксерите ги собираат аргументите на класичната медицинска наука и знаат или веруваат дека вакцините имаат големо влијание врз стабилизирање на епидемиолошката состојба предизвикана од ковид, антиваксерите го тврдат спротивното.
Степени на ваксерство не постојат, никој не е повеќе или помалку ваксер од другит и во принцип не се одредува вредносен квантификатив за ваксерството.
Од друга страна антиваксерите, или луѓе кои не веруваат дека вакцините имаат влијание врз промена на епидемиолошката слика, се градираат – од непознавачи на основни медицински бази до теоретичари на завери и луѓе кои се скептични кон се.
Најголем дел од ваксерите – веруваат на науката, најголем дел од антиваксерите не и веруваат на науката.
Во суштина знаењето и на ваксерите и на антиваксерите на генерално, статистичко ниво земено, во однос на вакцините е ИСТО или непостоечко.
Како што ваксерите не знаат многу за начинот на кој функционираат вакцините, не знаат многу ни антиваксерите, не сметајќи ги нормално експертите од завојуваните табори кои се исто така поделени.
Што е поентата тука?
И ваксерите и антиваксерите сакаат да се здрави. И васерите и антиваксерите сакаат да ја знаат вистината. И ваксерите и антиваксерите имаат еднаков интерес да се случи крај на пандемијата. Барем оние обичните ваксери и антиваксери кои ги има меѓу нас.
Но тој интерес за здравје целосно се префрла во епистемолошко јадро во кое не е важно здравјето само по себе, ниту исконската желба за него, туку кој колку знае.
Оттука, желбата за докажување на знаењето сопствено и не знаењето на другиот целосно го засенува сеопштиот интерес за здравје и вистина!
Кога објективно ќе погледнете, еве прво ќе тргнам од себе, јас многу малку знам да би можела да заземам било која страна и да докажувам, спорам, покажува некакво тобоже знаење, а констатирам дека има многу слични луѓе како мене.
Факт е дека, што би кажал Сократ – Желбата за покажување на знаење, е поголема од самото знаење. Односоно покажуваме нешто што не постои, а не постои знаењето за оваа тема.
И додека никој ништо не знае, несвесни дека треба да знаеме само дека ништо не знаеме, а не да постапуваме како да се знаеме, фармацевтските куќи прават најголем профит за време на економска криза предизвикана од ковид.
Тоа е веќе факт, знаење пред кое и боговите молчат.
Тогаш, кој профитира од нашето (не) знаење, секако оние кои знаат дека ништо не знаат – фармацевтските компании.
Ние со нашето незнаење за нашето незнаење сме физичката сила која одработува оние со знаење за сопственото незнаење да ја имаат МОЌТА!
Автор: Магдалена Стојмановиќ