Во германската провинција Баден-Виртемберг, во среда ќе стапи во сила мерка според која невакцинираните луѓе, доколку се разболат од Ковид-19 и мора да бидат ставени во изолација, нема да примаат плата за тој период.

И други германски провинции, како Северна Рајна-Вестфалија, Хесен, Долна Саксонија и Мекленбург -Западна Померанија, планираат од 15 септември да усвојат таква мерка.

Министерот за здравство на Баварија Клаус Холечек изјави дека оние кои не се вакцинирани и немаат здравствени причини за да не ја примат вакцината, според него, немаат право на плата за време на карантин

Не може општеството да плаќа за нив, рече тој, најавувајќи дека покраината може да се приклучи кон усвојување на оваа мерка.