Нема да се издаваат изводи од матичната книга на родени, венчани и умрени додека трае штрајкот на Управата за водење на матични книги, што почнува од утре (од 8 часот), како што соопшти Независниот синдикат за водење на матични книги.

Од Независниот синдикат за водење на матични книги преку Фејсбук порачаа дека се решиле на штрајк во недостаток на социјален дијалог, сметајќи оти ова е единствениот пат за достоинствено вреднување на нивниот трудот.

Од денеска на штрајк излегува и Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) со барање за усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

По постигнатиот договор меѓу Владата и СОНК, денеска треба да биде донесена конечна одлука за прекин на штрајкот во образованието. Одлуката ќе биде донесена по консултациите што раководството на СОНК треба да ги направи со членството по што од утре се очекува учениците повторно да се вратат во училишните клупи по двонеделен прекин.