Природно е секој од нас да сака да го извади најдоброто од себе во некои ситуации и да ги прикаже само своите доблести и јаки страни.
Но доколку потребата некој да ве импресионира вас и сите околу себе е пренагласена, тогаш имате работа со личност која се соочува со психолошки потешкотии.
Зошто потребата да ве импресионира?
- Несигурност
Не се сигурни во себе и затоа создаваат имагинација во свеста која ја следат.
Таа им служи како штит бидејќи секој коментар од страна ги руши нивните темели на личноста.
Во принцип луѓето кои се трудат да ги импресионираат сите се многу лабилни и нив може и мало ветренце да ги разниша.
- Лицемерие
Тие се и манипулатицни, бидејќи сакаат да ве држат во заблуди околу тоа кои се тие.
Доколку малку повеќе се зближите со нив, од интимниот контакт ќе дознаете дека не се такви какви што се претставуваат.
Напротив се полни со стравови, несигурност и слабости, но користат маска да ги придобијат другите луѓе и да се заштитат од вистината за себе што некој може да им ја каже, а која не се подговтвени да ја слушнат!
- Страв им е да се покажат во вистинско светло
Тие толку малку се сакаат себе си, што им е страв да се покажат во вистинско светло пред другите бидејќи мислат дека на тој начин луѓето ќе ги отфрлат.
Во јавност нема да си дозволат некои работит додека насамо се сосема други личности!