Истражувачите го анализирале нивото на шеќер во крвта на луѓето кои јаделе крофни со прелив, при што половина од нив пиеле вода, а другата половина не.

Научниците од Јужна Америка открија дека оние кои го „измиваат“ вкусот на слаткото со пиење вода, имаат повисоко ниво на шеќер во крвта.

Згора на тоа, нивото на шеќер во крвта им било повисоко од оние кои јаделе две крофни една по друга, но не пиеле вода.

Експертите велат дека водата му помага на телото да ја апсорбира гликозата и предлагаат вода да се пие пред или после конзумирање храна за да се намали дејството на шеќерот.