За да заштедите пари и да се грижите за животната средина, понекогаш може да перете облека на пониски температури, но без оглед на овие добри страни, тоа не е добра идеја.

Истражувањата покажаа дека алиштата сепак треба да се мијат на повисоки температури, пишува Вечерњи лист.

По спроведувањето на истражувањето, научниците откриле дека облеката што се мие на ниски температури може да пренесе бактерии како што е E. coli.

Оваа бактерија живее на нашата кожа и во телото на температура од 37 ° C степени, што значи дека ниската температура од 30 ° C нема да ја убие.

Затоа, микробиолозите препорачуваат алиштата да се мијат на најмалку 60 ° C степени за да бидете сигурни дека сте ги уништиле сите бактерии.

Ова особено важи за долна облека и детска облека бидејќи децата се почувствителни и нивниот имунитет не е секогаш целосно развиен.

За да бидете сигурни дека ќе се ослободите од сите бактерии со миење, експертите ве советуваат и повремено да вклучувате празна машина за перење.

Советите на експертите важат само ако вклучите празна машина за перење на највисока температура, т.е. на степени 90 ° C, за да се ослободите од сите преостанати бактерии.