– Алибито за вето од бугарската страна искажана преку устата на Каракачанов и Захариева се лоцира во омразата на Македонците кон Бугарите. Како што наведуваат, страниците од „нашата“ национална историја биле испишани со говор на омраза кон Бугарите и во секое село имало плоча во која Бугарите се обвинуваат за несреќите на македонскиот народ. Омразата била разорувачка за европските вредности и токму тој наш јаровиден настап не дели од членство во ЕУ.
Може да констатираме дека во Македонија никогаш немало омраза кон Бугарите, напротив имало симпатии.
Што се однесува до историските факти и нивно запишување, тоа е цивилизациско пренесување на историско сведштво а од историските грешки треба да се учи (секако да не се повторуваат). Вистината никогаш не треба да се меша со омраза. Оти вистината не е чувство како омразата, а историјата е мината, а ЕУ е издигната поради огледи за подобра иднина и закопување на минатото.
Тоа што во историјата се учи за бугарски фашистички окупатор, се научни вистини, ама тие немаат врска со односот на еден народ кон друг, ниту, пак за сите неволји треба да се обвинува целиот бугарски народ комплет, си има конректни имиња и презимиња кои ја носат одговорноста на историските дела со кои никој не треба да се гордее, а ниту да ги прикрива.
Одговорно тврдам дека историјата не е причина за омраза кон бугарскиот народ, туку сегашноста. Оти омраза досега немало, но и тоа како се разгоруваат страсти по ставање на вето од бугарската страна.
Она за што Бугарите не обвинуваат, во суштина е чиста проекција, оти не сееме омраза ние, туку тие. Верувам дека Европа е горда на ваквов репрезентатив на европските вредности. Коренот на европските вредностите е пацифизмот и антимилитаризмот, а ЕУ успеа да израсне гранка од коренот како што е Бугарија која во 21 сее гнев и омраза во рак рана област како што е Балканот.
Бугарите не ги мрзевме досега, ги мрзиме сега благодарение на нивната лицемерна политика. Уште еднаш на своја кожа почувствуваме дека правото, праведноста и справедливоста се најголеми митови и лаги.
ЕУ уште еднаш ја демистифицираше својата хипокризија во случајот со Македонија!
Автор: Магдалена Стојмановиќ