На 17ти Јуни ќе се одржи промоција на романот „Денот на црвот“ од Симона Јованоска.

Ова е втора книга на младата авторка, во која се манифестира нејзината писателска зрелост. Приказните во романот се поврзани преку „црвот“ како симбол на „врските“ помеѓу настаните, појавите и ликовите поради што и книгата се вика „Денот на црвот“.

Промоцијата ќе започне во 20.00 часот во Македонски Културен Центар.

Модераторка на настанот ќе биде Наташа Атанасова, а ќе се обрати и Ненад Стевовиќ во улога на издавач.

Освен презентирањето на книгата и авторството, публиката ќе има можност да проследи диџеј, а ќе се служи и коктел.

Промоцијата се организира во согласност со протоколите за заштита на населението од заразни болести.

Повеќе за книгата можете да слушнете од гостувањето на авторката во емисијата „Мој збор“ на Радио МОСТ

Емисија Мој Збор – 03