„Фајзер“ и „Бионтек“ денес потврдија дека поднеле барање до Европската агенција за лекови (EMA) за проширување на употребата на нивната вакцина за коронавирус на деца на возраст од 12 до 15 години.

Претходно овој месец, компаниите поднесоа слично барање до регулаторниот здравствен орган во САД за нивната вакцина, што е веќе одобрено за употреба кај луѓе постари од 16 години и во САД и во Европската Унија, пренесува Ројтерс.

Нивното барање се заснова на позитивните резултати од клиничката студија во доцна фаза, во која учествувале 2.260 учесници на возраст од 12 до 15 години, соопштија компаниите.

Директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, Рошел Валенски, на почетокот на овој месец изјави дека очекува дека вакцината на „Фајзер“ ќе биде одобрена за деца од 12 до 15 години до средината на мај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде