дома информација вест НАСА истражува извори на живот надвор од Земја

НАСА истражува извори на живот надвор од Земја

Бројот на истражувања за наоѓање на интелигентен облик на живот надвор од Земја, значително е зголемен во последните неколку години

37
0


Бидејќи светските научници се обидуваат да најдат вонземски живот, треба да се има предвид дека вонземјани можеби се обидуваат да нè пронајдат, пишува научниот портал Спејс, повикувајќи се на најновата студија во која се наведува дека научниците откриле околу 1.000 околни sвезди недалеку од земјата.

Ако има набудувачи кои нè бараат од планетите околу овие sвезди, тие ќе можат да ги видат знаците на живот на нашата Сина планета. Можеме да видиме некои од овие најсветли sвезди ноќе без двоглед или телескоп, изјави водачот на истражувањето Лиза Калтенегер, професор по астрономија. на Универзитетот Корнел.

Астрономите досега откриле повеќе од 4.000 егзопланети користејќи го „методот на транзит“, кој регистрира мал пад на осветленоста на sвездата секој пат кога планетите ќе ја прикријат додека кружат околу неа, а оваа стратегија за откривање е многу успешна, за што сведочи и вселенскиот телескоп Кеплер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде