Вегетаријанските плескавици се хранлив оброк за сите кои не конзумираат месо.

Се препорачува да се јадат за ручек време бидејќи содржат доволно калории кои ќе ви ги надокнадат дневните потреби за енергија.

Се подготвуваат брзо и имаат одличен вкус, па се големо гурманско задоволство.

rectangular white platter of sliced food and eggs

Состојки:

  • 4 Тиквички
  • 2 јајца
  • 50 грама брашно
  • 50 грама лебни трошки измешани со малку сусам
  • Маслиново масло
  • Вегета, бибер, сол, лук во прав.

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги на покрупни делчиња и оставете ги да постојат 10тина минути.

Во садот со тиквичките додадете една жолчка од јајцето и едно цело јајце.

Промешајте додека не се соедини смесата.

Во смесата со јајца и тиквички додадете го брашното и лебните трошки со сусам.

Мешајте да добиете што е можно похомогена смеса.

Во веќе измешаната смеса додадете ги зачините.

Измешајте уште еднаш и додадете 2-3 лажички маслиново масло.

Обликувајте ја смесата во форма на плескавичиња.

Во веќе загреано масло на оган или фризтеза, ставете ги плескавиците од тиквичка да се пржат.

Пржете 5-7 минути на посилен оган.

Послужување 

Плескавиците од тиквички може да се конзумираат со салата од цвекло, зелка и морков и мала количина на леб.

На тој начин ќе ги надокнадите потребите од масти, протеини и јаглехидрати, плус ќе го нахраните вашето тело со свежи намирници и витамини.

selective-focus photography of burger

Пријатно!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде