Народниот правобранител Насер Зибери гостуваше во „Click Plus“ на ТВ21 и кажа дека ако се отвора Уставот, тогаш главна причина за тоа треба да биде членство во Европската унија.

Зибери кажа дека не треба да се наметнуваат други барања како бришење на 20% од Уставот, како што побараа други политички партии.

„Отворањето на Уставот како услов за отпочнување на преговори за членство во ЕУ, е капитално прашање кое сметам дека не треба да се попречува со наметнување на други прашања“, вели Зибери.