Понеделник е неработен ден, ќе уживаме во уште еден продолжен викенд – Ова се преостанатите празници во Македонија до крајот на годината 23.10 недела односно 24 октомври кој ќе се падне во понеделник како денот на Македоноската Револуционерна борба ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија.

Додека ги ситниме последните месеци од годината во продолжение ги објавуваме и преостанатите неработни денови до крајот на 2022.

За сите граѓани на РМ неработни ќе бидат 23 октомври (недела), Ден на Македонската Револуционерна Борба, односно 24 октомври (понеделник) е неработен ден,• 8 декември (четврток), “Св. Климент Охридски”.

Додека пак за граѓаните од католичка вероисповед неработни се: • 01 ноември (вторник), Празникот на сите светци,• 25 декември (недела), првиот ден на Божиќ.

Неработни денови за граѓаните припадници на албанската заедница во РМ• 22 ноември (вторник), Ден на Албанската азбука, додека пак нема да работат и граѓаните припадници на турската заедница на 21 декември (среда), бидејќи се празнува Ден на настава на турски јазик.