Еуростат го мери стандардот според вистинската индивидуална потрошувачка по глава на жител, што покажува колку стоки и услуги потрошиле поединците, дали самите платиле за нив или трошоците ги сносат државите или невладините организации, се вели во денешниот извештај.

Фактичката индивидуална потрошувачка (SIP) по глава на жител се изразува во стандардите за куповна моќ, вештачка валута која ги елиминира разликите во цените меѓу земјите.

Заедно со Бугарија, Хрватска забележа најниска фактичка индивидуална потрошувачка по глава на жител, мерена според стандардот за куповна моќ, меѓу земјите на ЕУ, 32 отсто пониска од просекот на Унијата, горе-долу во согласност со јунската проценка на Евростат.

Во 2020 година, највисокиот стандард, изразен во фактичката индивидуална потрошувачка по глава на жител, е забележан во Луксембург, 45 отсто повисок од просекот на ЕУ, според најновата проценка на Евростат.