Над 37.000 граѓани досега се пријавиле за вакцинирање против ковид19.

Начинот на пријавување е преку пополнување на електронска апликација на vakcinacija.mk.

Првите дози на вакцини се очекува да пристигнат од Србија и тоа од произведувачот „Фајзер“ а предвидено е 8000 дози на вакцина да бидат испорачани во некој од следните денови.

Македонија потпиша и договор со кинеската компанија „Синофарм“ од каде се очекува да пристигнат околу 200 илјади дози на вакцини.

Во регионот ние сме една од ретките земји која се уште не го почнала процесот на имунизација на население, сите други држави од „Западен Балкан“ најдоа алтернативни решенија.

Црна Гора на пример, во моментов очекува испорака на руската вакцина „Спутник V“.