Енергетските пијалоци содржат големи дози на таурин и кофеин што директно влијае врз ендокриниот систем кој праќа порака до срцето да пумпа побрзо.

Преку хемискиот состав на енергетските пијалоци се влијае директно во работата на срцето, што значи и оптеретување за него.

Покрај тоа, енергетските пијалоци содржат многу шеќер и имаат висока калорична вредност.

Тие го забрзуваат метаболизмот, што значи дека за кратко повторно ќе се чувствувате гладни и ќе имате потреба од храна.

Енергетските пијалоци и кафето, ја зголемуваат вашата потреба за храна и на тој начин ве дебелеат.

Ви предлагаме природен начин да се снабдите со енергија:

  • Вода 

Наместо кафе или енергетски пијалок, нека вашиот прв утрински пијалок биде вода.

Млака вода со малку сол, го прочистува целосно организмот и ве снабдува со електролити за целиот ден.

По првата чаша напијте се уште една вода без сол. Со внесување на поголема количина на течност, го кревате крвниот притисок и срцето побрзо работи.

При тоа не трошите енергија за варење на водата бидејќи таа само поминува низ организмот и го прочистува, така што целата енергија ќе ја сочувате за вас!

  • Исхрана 

Појадокот е многу важен, но не го јадете пред да бидете гладни.

Кога ќе огладнете потрудете се да внесете едно парче овошје или зеленчук и малку протеин.

На пример изедете една јаболка, а по половина час и едно варено јајце.

Ќе внесете протеин и фруктоза кои се доволни за работа на вашиот мозок и мускулатура.

Не го оптеретувајте вашиот систем за варење со премногу калорична и тешка храна, бидејќи варењето на храната одзема најмногу енергија!