На вчерашната седница на Владата, донесени се поголем број на одлуки и програми, а усвоени се и извештаи и информации.

Меѓудругото донесена е и Програмата за поддршка за печатење и дистрибуција на печатените медиуми за 2021 година, во насока на заштита на плурализмот од областа на медиумите.

Плурализмот во медиумите е вредност кон која сите медиуми треба да се стремат во насока на застапување на сите засегнати страни во една приказна, проверка на извори, наведување на различните ставови и извори по одредени прашања и секако имплементација на обврската за балансирано информирање во медиумите.