На граничниот премин Табановце за влез во земјава се чека околу 40 минути, а на Богородица за излез од државата половина час, соопшти утрово АМСМ.

На останатите премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ИЗВОРКанал5
претходниот член,Една компанија е осудена на пропаст доколку смета дека може да ги замени „одличните работници“
Следната статијаЛекарите аплираат на поголема внимателност поради зголемен број на инфекции со новиот сој на ковид

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде