Но не се очекува притисок врз болничките капацитите и зголемување на бројот на починати. Поради брзиот начин на ширење во наредните денови сигурно ќе биде потврдена БА4 и БА5 варијантите на омикрон варијантата, вели првиот човек на Комисијата за заразни болести и имунолог доктор Александар Петличковски.

Нови мерки засега не се предвидени. Она што ќе го разгледува комисијата е дали изолацијата на болен ќе трае пет или седум дена.

Засега новите варијанти на омикрон го заобиколуваат прележаниот имунитет и вакцинација. Со цел да се засили имунитетот доколку човек се зарази, а да не има потешки последици и од болеста, но и од пост-ковид симптомите најдобро е да се вакцинираат со трета и четврта доза граѓаните над 18 годишна возраст, а пред се повозрасните граѓани и оние со хронични заболувања.

Во светски рамки се очекува во Октомври да има нова вакцина која ќе биде типизирана само за омикрон варијантите.