За родителите кои имаат прваче и се вработени во јавниот сектор законот предвидува право на слободен работен ден. Согласно член 28 од Општиот колективен договор за јавниот сектор, работникот има право на платен одмор од еден ден за првиот училиштен ден на своето дете.

Од Министерството за труд и социјална објаснуваат дека ова отсуство, согласно колективниот договор, како и сите останати случаи на платен одмор заради лични и семејни околности, се остварува без оглед на барањата на процесот на работата и се користи во деновите на основот.

Вработените во приватниот сектор ова право можат да го остварат само со претходен договор од сопственикот, односно одговорното лице во претпријатието во кое работат.

ИЗВОРИнфомакс.мк
претходниот член,И денеска услови за силно невреме и град
Следната статијаВредноста на еврото повторно над доларот

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде