Слаткото и крцкаво семе од сончоглед многу често го јадеме само заради занимација, но е и одличен извор на калории, есенцијални масни киселини, витамини и минерали. Не залудно сите уживаме во него: од птици до луѓе!
Овој богат извор на хранливи материи ретко го гледаме како храна која може да не’ засити, и токму поради таквиот третман често знаеме да претераме со ова вкусно семе без да сфатиме дека всушност сме го прејале нашето тело со калории и други материи.
Сепак, во нормални количини сончогледовото семе е многу добро за нашето здравје. Еве неколку причини поради кои е добро да се јаде сончоглед:
1.Крцкавите и вкусни семиња од сончоглед секаде се сметаат за здрава храна.
Богати се со енергија, односно 100 грама семе содржи 584 калории. Сончогледот е и неверојатен извор на нутритивни материи кои се добри за здравјето, како минерали, антиоксиданти и витамини.
2.Голем дел од неговите калории доаѓаат од масните киселини.
Семињата се особено богати со линолеична киселина. Исто така се добри за намалување на „лошиот холестерол“ и поттикнување на „добриот холестерол“ во крвта.
3. Како и другите семени растенија, сончогледот е многу добар извор на протеини и аминокиселини со добар квалитет, како тритофанот, кој е значаен за растот, особено кај децата.
Само 100 грама семе обезбедува околу 21 грам протеини.
4.Семето од сончоглед содржи и соединенија на полифенол и хлорогенична киселина, кванична киселина и кафеични киселини.
Тие се природни антиоксиданти, кои помагаат да се отстранат штетните оксидантни молекули од телото.
5.Семето е исто така богато со витамин Е, и содржи околу 25,17 грама витамин Е на 100 грама семе.
6. Семето од сончоглед е еден од најдобрите извори за Б-комплекс групата на витамини.
Тие се добри извори на Б-комплекс витамини, како ниацин, фолна киселина, тијамин, пиридоксин, патотенична киселина и рибофлавин.
7. Семето е и неверојатно богат извор на многу есенцијални минерали.
Калциум, железо, мандан, цинк, магнезиум, селениум, и јаглен се особено концентрирани во сончогледот.
Многу од овие минерали имаат витална улога во минерализацијата на коските, продукцијата на црвени крвни зрнца, синтеза на ензими, создавање на хормони, како и регулација на кардио и мускулните активности.