Филозофите имаат отворена љубопитност кон се, скоро да не постои тема со која филозофите барем во смисла на историјата на филозофијата не се занимавале. Сепак кога говориме за занимавање со љубов, пред се партнерската љубов како најинтимна форма на љубов, не постојат голем број на дела напишани од филозофи кои можат да се посочат.

Но љубителите на филозофските дела и читателите кои сакаат мудри зборови на тема партнерска љубов, задолжително треба да ги прочитаат делата на Пјер Абелар, Сорен Киркегор и Ерих Фром кои се посветени токму на љубовта.

  • Забранети задоволства на Абелар и Елоиза

Книгата „Забранети задоволства“ е збирка од писма и кореспонденции кои Абелар и Елоиза ги испраќале меѓусебно. Со однос на времето во кое живееле и средновековното ограничување на слободната волја во поглед на искажувањето на страстите и копнежите, ова дело се смета за едно од најреволуцинерните дела кога е во прашање искажување на љубов.

Имено, Абелар како теолог и схоластичар, се спроставил на вообичаените механизми на контрола во однос на човечката природа и избрал на слободен начин да ја искажува љубовта и страста кон неговата љубена Елоиза. Во 12ти век, времето во кое живееле Абелар и Елоиза, човечката страст и слободна волја се сметале за грев и отклонување од божествениот пат или дистракција на посветеноста кон божјото учење.

Но двајцата храбро избрале да го следат своето срце наместо општествените стеги, а за нивната борба помеѓу стравот и желбата најдобро говорат заемните писма.

  • Дневникот на заводникот на Сорен Кирекгор

Сорен Киркегор неговиот „Дневник на заволдникот“ го посветил на неговата љубена Регина Остин. Данскиот филозоф во својот краток живот имал само една љубов, на која и го посветил и ракописот, кој подоцна се објавил како книга која го добила името „Дневникот на заводникот“.

Во ова дело Кирекгор објаснува дека романтичната љубов и идеализмот кон љубената настануваат поради недостиг на контакт. Витешката поезија е најинспиративна бидејќи ја пишуваат рицари што можеби никогаш ни збор не размениле со љубената на која и посветиле голем број песни. Кога партнерите имаат заеднички живот, брак и заемно искуство со љубовта, тогаш заљубеноста преминува во друг вид на љубов, која Киркегор ја нарекува „зрела љубов“.

  • Уметноста на љубовта од Ерих Фром

Иако во ова дело Фром разликува многу типови на љубов, на крајот најмногу се посветува на партнерската љубов како највисока форма на интимност помеѓу луѓето. Тој вели дека модерниот свет и капитализмот кај западниот човек ја менуваат и изобличуваат идејата за љубовта, бидејќи таа се сфаќа многу повеќе како земање, а не како давање.

Секој бара од неговиот партнер да му ги задоволи неговите потреби, без притоа да луѓето да се фокусирани на туѓите потреби или извор на проблемот да го бараат во себе. Според Фром, отуѓеноста е еден од најголемите непријатели на браковите, па така голем број парови живеат со години во заеднички дом без притоа да го познаваат другиот. Немање на интерес за другиот, суштинска комуникација, концентрација и верба се најголемите причинители на отуѓеноста кај паровите.