Младите Швеѓани најрано стануваат самостојни, покажа истражувањето на евростат направена во повеќе европски земји во однос на просечната возраст на која младите го напуштаат домот на родителите.

Во Шведска, просечната возраст на која младите си одат од домот е 17,5 години. Во Данска тие просечно си заминуваат на 21,2 година, а во Финска на 22 години, според истражувањето на EUROSTAT.

Од друга страна, Црногорците се најзависни од семејството.

Младите во земјата си заминуваат од дома на просечна возраст од 33,3 години. Следуваат Хрватска со 32 години, Италија и Португалија со 30. Просечната возраст за цела Европа, врз основа на анализираните земји, изнесува 26,4 години.