дома животен стил Моќтта на лаконскиот говор

Моќтта на лаконскиот говор

Лаконски говорат луѓе што зборуваат ретко, кратко и јасно

1038
0

За Спартанците како колективен ентитет се врзувала одредбата дека тие генерално употребуваат лаконски говор и имаат дисиплина на телесно воспитување.

Во слободен превод – лаконски говор значи оној што кратко, отсечно и јасно говори. Лаконците сметаат дека понекогаш е подобро да не се говори и да не се даде никаков одговор, отколку да се даде долг, нејасен одговор.

За луѓето кои долго зборуваат, а не поентираат на македонски велиме – млатат празна слама, многу зборуваат, а ништо не кажуваат, зборуваат работи кои не се разбирливи и концептуализирани и т.н.

Ви ги потенцираме предностите на кратко и јасно зборување:

woman sitting on the chair

Штедење на време во давање на одговори

Освен ако не сте на психијатарско столче, испит по филозофија, или научен симпозиум, долгите одговори нема да ви се корисни. Напротив во секојдневната комуникација тие само го трошат вашето време и енергија.

Во разговорите користете кратки одговори да се разберете и заштедете време што може да го употребите за позначајни работи.

Поефикасно пренесување на смисла

Ако сакате другите да ве разберат, зборувајте кратко. Психолошките студии покажуваат дека луѓето кои зборуваат малку и кратко го окупираат целото внимание во друштво тогаш кога ќе се огласат за разлика од оние кои цело време зборуваат и стануваат „досадни“.

Ако сакате да поентирате со една реченица, не зборувајте многу и долго, само кажете го вашиот заклучок на крајот, благодарение на вниманието што ќе го добиете од сите, тие ќе успеат да ја разберат смислата што сакате да им ја пренесете.

Повеќе време за обмислување на одговорот

Луѓето кои постојано зборуваат и зборуваат долго, немаат обмислен разговор. Тие зборуваат по инерција, а често и по афект.

Оние кои зборуваат малку имаат повеќе време да дадат осмислен одговор.

Зборот не е меур

Луѓето кои зборуваат малку и кратко, не ги фрлаат зборовите во етер без да се свесни за нивните последици. Напротив лаконците ги обмислуваат сите последици од своите зборови и скоро секогаш цврсто стојат зад нив, достоинствено носејќи се со последиците.