Прелиминарните резултати од пребројаните гласови од референдумите во четирите украински области покажуваат дека огромно мнозинство од Украинците за се за приклучување кон Руската Федерација, јави Ројтерс, цитирајќи ја руската државна новинска агенција РИА.

Врз основа на 18 отсто од обработените гласови, за влез на областа Запорожје во Русија гласале за 98,19 отсто од гласачите. За приклучување на областа Херсон кон Руската Федерација потврдно се изјасниле 96,97 отсто од гласачите, врз основа на 14 отсто преброени гласови.

Во Донецката Република со обработени 16 отсто гласови „за“ гласале 98 отсто од гласачите, а според 13 отсто од обработените гласови во Луганската Република, 97,82 отсто од гласачите гласале за приклучување кон Русија.

Референдумите во четирите украински региони под контрола на Русија – Донецк, Луганск, Запорожје и Херсон за присоединување кон Русија почнаа во петокот, минатата недела, а денеска е последниот ден на гласањето и единствен кога ќе се гласа на стационарни избирачки места, бидејќи теренската изборна комисија собираше гласови претходните четири дена.

Кремљ објави дека по референдумите во овие области, териториите ќе го променат нивниот меѓународно правен статус.

Украина, САД и Европската унија ги осудија референдумите како „нелегитимна присилна вежба за Русија да создаде правен изговор за анексија на тие региони“.

На Западот се стравува дека рускиот претседател Владимир Путин секој обид на Украина да ги поврати тие територии може да ги смета како напад врз самата Русија и потсетуваат дека минатата седмица на ткн „колективен Запад“ му порача дека ќе биде употребено секое средство кои ѝ стои на Москва на располагање за одбрана на рускиот територијален интегритет