Повеќето луѓе прво помислуваат на витаминот Ц при спомнувањето на силен имунитет, заборавајќи барем уште една буква.

Витаминот Е е исклучително важен за човечкото тело, потсетува Телеграф.

Неговото антиоксидантно дејство го ослободува телото од штетните ефекти на слободните радикали од околината.

Витаминот Е, исто така, влијае на имунолошкиот систем, клеточните функции и здравјето на кожата.

Покрај тоа, експертите веруваат дека витаминот Е и плодноста се директно поврзани, бидејќи овој витамин игра важна улога во процесот на созревање на спермата.

Нашето тело не произведува сам витамин Е, што значи дека храната и суплементите се единствениот начин да го добиеме.

Храната богата со витамин Е е составен дел од менито на поголемиот дел од населението, а подолу се четири намирници кои се богати со него.

  • Авокадо

Авокадото содржи голем број на хранливи материи, вклучувајќи дури 20 различни витамини и минерали. Содржи и мала количина на магнезиум, манган, бакар, железо, цинк, фосфор и витамини Е, А, Б1, Б2 и Б3.

  • Маслинки

Маслинките имаат две главни компоненти кои помагаат во намалување на брчките и подобрување на здравјето на кожата: витамин Е и олеинска киселина.

Витаминот Е е антиоксиданс разградлив во мастите и ја штити кожата од оштетување предизвикано од слободните радикали.

  • Семки од сончоглед 

Семките од сончоглед содржат моќни антиоксиданси како витамин Е и селен.

Витаминот Е во семето помага во одржување на добрата циркулација на крвта, а исто така придонесува за производство на црвени крвни зрнца.