Пишувањето есеи често може да биде застрашувачка задача за учениците и студентите. Сепак, ова не мора да биде правило, бидејќи постојат различни трикови кои можат да ви помогнат да го претворите пишувањето есеи во забава.

Ако штотуку добивте задача да го напишете вашиот прв труд од овој тип и се прашувате како да напишете квалитетен есеј.

Што е есеј?

Името „есеј“ доаѓа од францускиот збор „essai“, што значи „преглед“. Есеј е прозна форма на писмено изразување, која има пократка форма. Целта е да се изрази личниот став на авторот. И тоа врз основа на истражување, информации и донесување заклучоци за одредена тема.

Темите на есеите обично се литературни, новинарски и научни. Тие можат да бидат инспирирани и од секојдневниот живот и искуство на авторот. Целта е да се доближат до читателот сфаќањата и ставовите на авторот за дадената тема. Есејот обично е во форма на репортажа, расказ или песна во проза, а често и како статија или дискусија.

  • Најпрво изберете тема или обидете се добро да се запознаете со темата за која добивте задача да напиштете есеј 

Не е важно дали темата ви е дадена или сами ја избравте, потребно е да биде јасна и прецизна. Ако ја добивате вашата тема од наставник или професор, побарајте од нив дополнително водство. Тоа кое ќе ви помогне да го стесните фокусот на вашиот труд.

Неопходно е да ја знаете областа за која ќе пишувате. Ако сами избирате тема, погрижете се таа да не е надвор од вашата сфера на интерес.

  • Размислете за идеи и подгответе концепт за вашиот есеј

Бидејќи пишувањето есеи бара ваши мисли и ставови, од суштинско значење е мирно да размислувате за сè што би напишале. Поставувајте си прашања и одговорете ги детално.

Следно, за да напишете успешен есеј, треба да ги организирате вашите мисли. Ако веќе имате тони идеи, креирајте неколку тези кои ќе ви помогнат да се сеќавате на старите додека доаѓате до нови идеи.

Најдобрата техника е да се напише некој вид поднаслов и потоа да се остави малку простор подолу за да се елаборира. Ова ќе ви помогне подобро да ги организирате помалите идеи во поголемите и побрзо да ја обработите целата тема.

  • Напишете ја главната теза

Откако ќе изберете тема и направивте преглед на идеи, неопходно е да се определите за главна теза, која ќе ја претставува поентата на вашиот есеј. Оваа главна теза е, всушност, целата тема на есејот сумирана во една реченица.

Тоа служи за да го натера читателот да ја разбере вашата позиција и зошто го избравте тој конкретен пристап кон вашата тема.

Многу е важно да имате квалитетна главна теза, бидејќи тоа ќе го направи целиот есеј исклучително јасен. Тезата треба да ја браните со силни аргументи, што ќе го наведат читателот да размислува како вас или барем повеќе да се разликува за вашата позиција и да го натерате критички да размислува.

Во есејот е најважно да бидете свои и оригинални и секако избегнувајте користење на помош од алатките на вештачката интелигенција.

Останува да се постави структурата на есејот, секој есеј треба да има вовед, главен дел или разработка на тезата и заклучок. Оваа правило во пишувањето на текстот важи уште од античко време, а го поставува Аристотел во својата „Поетика“.

За крај останува да обртнете внимание на деталите и да го украсите јазикот. Доколку станува збор за есеј кој се однесува на уметност, можете да имате поголема слобода за лична естетска експресија и украси (придавки, атрибути и прилози), ако станува збор за научен есеј обрнете внимание на правилна научно-терминолошка употреба на зборовите и избегнувајте заменски употреби од типот на „јас мислам“.

 

 

 

Можеби ќе ве интересира:

Краток есеј за човекот