Во Словенија, бројот на нови случаи на корона вирус полека започна да опаѓа за еден ден, односно од 5.895 тестирани, 1.564 случаи беа позитивни, што е 26,53 проценти.

Сепак, бројот на пациенти со ковид-19 кои се на болничко лекување полека започна да се зголемува и во моментов 1.069 од нив се хоспитализирани, од кои 168 се на интензивна нега, пренесува СТА.

Во истиот период починале 26 лица.

Според владата, просечниот број на заболувања во Словенија во последните две недели е 1.113 на 100.000 жители.