Денеска Македонија според синоптичарите ќе влезе во жолтата фаза, а на места температурите ќе достигнат и до -18 степени.

Ваквото време ќе се задржи и наредните неколку дена со што се препорачува помалку излегување од домовите освен ако немате итна потреба.

Благ пораст на температурите ќе се забележи за три дена од сега, максималните температури ќе бидат над нулата.

Утре не очекува слично време на денешното. Утрото ќе биде ведро и студено, по одделни котлини со појава на магла. Преку денот сончево со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб северозападен ветер.

Минамалната дневна температура во Скопје ќе изнесува -11, а максималната ќе достигне 3 степени.