Целосно укинување на ковид-мерките или нивно намалување засега нема. Министерот за здравство Беким Сали изјави дека ја следат состојбата и според тоа што го добиваат како резултат од нивните анализи, сметаат дека се уште не e време за целосно укинување на мерките или пак нивно намалување.

Ние како Министерство за здравство и Институтот за јавно здравје, нормално и преку Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани и според новата методологија која што се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, истакна Сали.

Еден од индикаторите, како што кажа, е бројот на новозаразени, но важен индикатор е и бројот на пациенти кои се хоспитализираат и оти според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките. Министерот додаде дека дел од ковид – центрите во државата се затворени и нема потреба од дополнителни кревети.