Нити најголемиот пораст на минималната плата во 2017 година не го загрозил стопанството – односно фирмите не отпуштале работници, не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста. Ова го покажала анализата на ССМ изработена од универзитетски професори.

Таа ќе им биде аргумент плус на преговорите со Владата во понедленик на која ќе бараат минималната плата да се зголеми веднаш и да изнесува 18.000 денари, како и да се исплати К-15 за цел јавен сектор. Од утре пак ја активираат и опцијата штрајк.

Макдонските работници имаат меѓу најниските минимални плати во Европа и затоа минималецот треба да се зголеми на 18.000 денари веднаш – апелира ССМ.

Анализите кои за синдикатот ги правеа универзитетски професори меѓу кои и поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски, покажале дека нити најголемиот скок на минималецот во 2017 година не предизвикал негативни ефекти врз фирмите- односно не отпуштале работници,не ги намалувале платите, ниту пак им се намалил профитот- туку напротив ја зголемиле продуктивноста.

Минималната плата во Македонија е меѓу најниските во Европа. Паралелно на тоа луѓето живеат во екстремна сиромаштија. 22 % од населението тоа се 500.000 луѓе, тоа е цело Скопје практично, живее во сиромаштија 100.000 луѓе или 5 % од населението живеат во екстремна сиромаштија, значи тоа е гладување, помалку од 40 денари на ден имаат само колку еден леб да купат и толку и ништо повеќе. Значи екстреман сиромаштија 100.000 луѓе.И 9 % од вработените, тоа се околу 50.000 вкупно живеат во сиромаштија – Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор.