Глигор Кедоски и покрај молбите на сопругата не сакал да се вакцинира. Откако се заразил со Ковид-19, тој поминал околу три недели во болница. Почина на 2 јануари на 45-годишна возраст од последиците на инфекција со коронавирус.
Кедиоски е роден во Прилеп, Македонија, а живеел во Ливерпул со сопругата Билјана и нивната петгодишна ќерка.
Тој бил познат во заедницата како дарежлив човек и добар пријател кој го живеел животот во потполност. Бил вработен во фабрика, а за време на пандемијата работел и како доставувач.
Пријателите велат дека е полн со живот и секогаш ја планирал следната животна авантура, пишува Liverpool Echo.
- Тој помина три недели во болница
Во декември, откако беше заразен со Ковид, тој беше примен во болница. Тој одбил да се вакцинира против коронавирусот, иако сопругата Билјана постојано го убедувала да го стори тоа.
Тој помина околу три недели во болница и почина на 2 јануари.
Неговите пријатели и семејството сега собираат пари за телото на Глигор по негова желба да биде пренесено во Македонија.
- Мотив на британските медиуми
Оваа вест е пренесена од британските портали. Но кој е мотивот токму случајот со овој несреќен Македонец да е пренесен јавно може да се заклучи од содржината на текстот.
Се посочува дека неговиот случај треба да е поука за секој што одбива да се вакцинира. А фактот што истакнуваат посебно дека тој е од Македонија и сакал да јаде македонска храна додека бил во болница алудира на спецификите на менталитетот на македонскиот народ.