Омиленото кафе има врска и со одредени психолошки карактеристики, покажа австриска студија. Оние кои сакаат слатко кафе обично се сместливи и љубезни.

Ако пиете кафе со некој што пие чисто црно кафе, можеби треба да се свртите и да си заминете, пишува Reader’s Digest.

Истражувањето на Универзитетот во Инсбрук во Австрија откри врска помеѓу омиленото кафе и човечките особини. Излезе дека чистото, црно кафе најчесто го пијат луѓе со психопатски и садистички склоности.

Истражувањето е спроведено на 1.000 луѓе. Тие се изјаснија што е нивното омилено кафе и спроведоа психолошки тестови врз нив што може да покажат нарцизам, садизам, психопатија и агресија.

Садистичките и психопатските особини ги покажаа и луѓето кои сакаат горчлив вкус.

Оние кои сакаат слатко кафе со млеко и други слатки вкусови, обично се склони да се согласат со мислењата на другите и се издвојуваат по нивната симпатија, соработка и добрина.

Тие посочуваат дека најизразената врска е помеѓу горчливата храна и секојдневниот садизам, а истражувачите веруваат дека состојбата најверојатно ќе се влоши со возраста.