Во истражувањето во кое беа опфатени 2.000 испитаници во САД, беше испитана корелацијата меѓу нивото на физичка активност и влијанието врз животниот стил. Резултатите покажуваат дека оние луѓе кои имаат навика редовно да вежбаат се посреќни и заработуваат повеќе од оние кои не вежбаат.

Разликата во заработувачката не е мала. Оние кои рекле дека редовно вежбаат заработуваат во просек по 74.000 долари годишно, а оние кои рекле дека никогаш не вежбаат заработуваат во просек само 49.000 долари. Тоа е неверојатна разлика од 25.000 долари.

Едно друго истражување што го спроведе OnePoll за фитнес апликацијата Freeletics, опфати 1.000 испитаници кои редовно вежбаат и 1.000 испитаници кои ретко вежбаат или никогаш не вежбаат. Целта била да се испита вкупното влијание на навиката за редовна физичка активност врз квалитетот на живеење. Истражувањето покажа дека вежбањето позитивно се одразува на здравјето и добросостојбата, но и на салдото во банка.

Ставот и менталната подготвеност се уште еден аспект од животот врз кој редовното вежбање има влијание. Луѓето кои редовно вежбаат имаат поголема веројатност да се сметаат за посамоуверени, ориентирани кон цел и подготвени да преземат ризици.

Луѓето кои не вежбаат се перцепираат себе си како помалку оптимистични и само 7% од нив се согласиле со изјавата дека живеат исполнет живот. 30% од луѓето кои вежбаат редовно ја потврдиле оваа изјава.