Откако ќе се ослободите од овие навики, ќе изгледате помладо и кожата ќе ви биде благодарна, пишува N1.

Некои луѓе природно изгледаат помлади, додека други имаат малку позрел изглед.

Иако не можеме да влијаеме на генетиката, можеме да влијаеме на навиките што ги имаме и прават да изгледаме постари.

Овие навики прават да изгледаме постари веднаш штом започнеме да ги практикуваме и со текот на времето тие всушност активираат процеси во телото кои покажуваат очигледни знаци на стареење на нашето лице.

starost
Стареењето може да се забави!

Претерувате со алкохол

Алкохолот има голем број негативни ефекти кои се забележуваат скоро веднаш.

Имено, тоа предизвикува дехидрирање на кожата, а исто така предизвикува воспаление, што пак предизвикува црвенило и пукање на капиларите.

Поради сето ова, можете да изгледате постаро отколку што сте всушност.

Студија од 2019 година, спроведена на повеќе од 2.300 жени, открива дека жените кои пиеле повеќе од 8 пијалоци неделно имале повеќе брчки, подрачјето под очите е отечено и изгубиле волумен на средината на лицето.

Не пиете доволно вода

Ако не пиете доволно вода, тоа може да доведе до дехидратација, што може да се манифестира на лицето со сувост, мали брчки и темни кругови.

Според последните истражувања, жените треба да внесат околу 15,5 чаши течност на ден, а мажите 11,5. Ова вклучува вода, течност од храна и други пијалоци.

Цигари

Чадот од цигари содржи стотици токсини, а пушењето ги стеснува крвните садови и ја намалува циркулацијата на кислородот, а со тоа и снабдувањето на кожата со хранливи материи.

Сето тоа звучи како рецепт за предвремено стареење, а науката потврди дека навистина е така.

Едно истражување спроведено со 79 пара близнаци открило дека оние кои пушат имаат поизразени темни кругови, брчки околу устата и опуштена кожа на образите.

Не користете крем со заштитен фактор

Премногу изложување на вашата кожа на сонце може да резултира со сувост и изгореници, што не е многу погодно за младешки изглед.

Со текот на времето, УВ зрачењето може да предизвика трајно оштетување и промени на кожата.

За да го избегнете ова, треба да нанесувате крема за сончање секој ден, најмалку фактор 30.

Јадете премногу шеќер

Колагенот и еластинот се две соединенија во кожата кои обезбедуваат таа да остане цврста и младешка.

Шеќерот, од друга страна, го поткопува сето тоа.

Една студија покажа дека кога луѓето консумираат големи количини на фруктоза и гликоза, тие се врзуваат за аминокиселините во колаген и еластин со што ги оштетуваат и го забавуваат природниот процес на опоравување на кожата.

Не спиете доволно

Како што спиете, многу системи во телото се опоравуваат и регенерираат.

Недостаток на сон може да се забележи на лицето, а според едно истражување, кај жени кои спиеле добро, површинската бариера на кожата се опоравила побрзо отколку кај оние кои не спиеле добро.