Вкусот на кафето е првото доброутро на голем број луѓе ширум светот, Некои дури тврдат дека без кафе денот нема никаква смисла.

Луѓето во Македонија, главоболките, нискиот притисок, проблемите со концентрација ги препишуваат на недостаток на дневен внес на кафе.

Како и да е, може да се заклучи дека кафето е исклучително популарен пијалок низ светот.

Но, лекарите советуваат да го избегнувате кафето, особено кога температурите надвор се енормно високи.

Еве зошто кафето ви прави магарешка услуга ако го пиете преку лето:

  • Ја исфрла водата од организмот

Кафето помага побрзо да се исфрли водата од организмот бидејќи го забрзува метаболизмот.

Ако не сте испиле доволно вода, а пиете кафе, може да се доведете во опасност од колабирање.

  • Кафето заситува

Сигурно сте биле во ситуација кога сте биле гладни, но сте одлучиле да испиете едно кафе на празен стомак и сте се почувствувале сити.

Точно е дека кафето заситува бидејќи испушта и токсини со кои организмот се бори побргу да ги ослободи.

Ако испиете кафе, тоа ќе значи убивање на вашата потреба од храна, која во лето ви е исклучително важна, особено доколку е на база на вода, па најголем дел од внесниот внес на вода го правите преку храната.

  • Може да создаде несоница 

Кафето може да создаде несоница во летните периоди бидејќи промената на траењето на денот и ноќта веќе имаат влијание врз природниот биоритам.

Ако го оптеретите системот за варење со кафе, тој ќе чувствува дополнителна мачнина, како и поради борбата на телото да ве излади на високите температури.

  • Забрзување на работата на срцето

Срцето веќе забрзано чука за да ве олади, ако згора на тоа додадете и кафе што го забрзува срцевиот ритам, може да го преоптеретите срцето.

Ќе забележите дека побрзо се потите или дека губите свест.