Лимонот е кралот во исхраната и буквално можете да го користите за се. Од главна компонента во јадењето, до сок од лимон кој може да ви послужи како пијалок – лимонада, до зачин или лимон за кисел вкус наместо оцет.
Но она што повеќето од нас не сме го знаеле е дека лимонот не е овошје што можеме да го ограничиме само на исхраната.
Напротив тој има многу повеќе примени од домашно средство за чистење до употреба за нега на кожата на лицето или косата.
- Лимон како средство за чистење на домот
Ако не сакате да користите тешки хемикалии, истискајте еден лимон во прскалка со млака вода.
Попрскајте на површините за чистење и оставете ја лимонската киселина да ја раствори мрснотијата.
Потоа поминете со мокра, па со сува крпа и ќе ја видите магијата на лимонот во својство на средство за чистење!
- Лимон во козметика
Лимонов сок може да се користи за чистење на кожата на лицето и нејзино потхранување.
Лимонската киселина ефикасно и телемно го чисти лицето.
Додека витамин Ц ја помага апсорбцијата на вода во кожното ткиво што автоматски значи доволна хидрација.
Лимонот се користи и како природен осветлувач на вашата коса.
Па така наместо фарба за коса, аплицирајте лимонов сок на косата додека се сончате.